| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна прогноза: Силна бура се движи кон Балканот

Силно невреме веќе ги зафати Словенија и  Хрватска. Временски непогоди се најавени и за во Македонија.

Силното невреме се ближи и кај нас. Денеска имавме релативно сончево време, но промените следуваат веќе од утре.

Метеоролозите во петок и за времен на викендот во попладневните часови, најавуваат врнежи и грмежи во источните и северните делови.. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

За време на викендот кој ни доаѓа, нашата територија ќе биде под влијание на северно воздушно струење и на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе предизвика  нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено од пладневните часови, објави метеорологот Славчо Попоски.

Локално се можни и нешто поинтензивни атмосферски процеси проследени со услови за појава на град, поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Поради продорот од север, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање особено во недела, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top