| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Од првиот момент поддржуваме проверка на сите два милиони жители

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се истакнува дека СДСМ еден ден откако била објавена листата на т.н. неконзистентни или „фантомски“ гласачи, барала списокот да не биде јавно достапен.

– Само еден ден откако беше објавена фамозната листа на „фантомските гласачи“ и на најтврдокорните поддржувачи на СДСМ им стана јасно она што одамна го знаат и малите деца: нема фантомски гласачи и нема изговори за СДСМ ниту за досегашните порази на изборите, ниту за бегање од претстојните избори, нивно одложување или непризнавање на резултатите, вели ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, се наведува во реакцијата, ќе мора да се соочи со вољата на граѓаните на Република Македонија и по десетти пат да биде казнет за сите лаги и манипулации со кои ја замајуваше јавноста дека некој друг им бил виновен затоа што не доаѓале на власт.

– На 5-ти јуни СДСМ ќе се соочи со граѓаните и ќе дознае уште еднаш зошто е 10 години во опозиција, се вели во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top