Вонбрачниот син на Мирослав Илиќ, Девин Антоновиќ тргнува по пејачките стапки на својот татко. Како што пишува српски Курир, Девин решил својата музичка кариера да ја започне токму во Србија. Тој откако допатувал од Америка, веднаш се сретнал со Неда Украден, која му помага да го оствари детскиот сон. Пејачката Девин го однела во музичко студио, каде се договариле за првата песна која ќе ја сними за Гранд продукција. Така за неговата кариера ќе се грижи најдобрата пријателка на неговата мајка Мирјана – фолк ѕвездата Лепа Брена!
Со оглед на тоа дека Неда Украден е долгогодишна пријателка на семејството Антоновиќ, таа решила да му помогне, бидејќи мисли дека Девин може да биде поуспешен од славејот од Мрчајевци.
-Мојата мајка и јас сме пријатели со Неда и јас се најдов со неа да поразаговараме. Неда има прекрасен глас и би бил почестен да снимам дует со неа, но засега сме далеку од тоа- вели Девин.
Додава дека ќе се труди да не го споредуваат со татко му.
-Ако решам нешто да снимам, немојте да очекувате дека тоа ќе биде копија на Мирослав Илиќ. Мојот глас и концепција се сосема поинакви. Кога Мирослав и јас разговаравме беше одушевен што ја сакам музиката, но сега ние двајцата имаме поважни работи да завршиме – објаснил Антоновиќ, алудирајќи на тоа што Илиќ не го признава и одбива ДНК анализа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им најавил на роднините дека ќе го убие татка си: Еве зошто Мирослав го направил крвавиот чин
-
Естрадата во страв – љубовницата на Илиќ ги открива мрачните тајни
-
Како Мирослав сакал да ја силува Брена, открива неговата поранешна љубовница
-
Откриена најчуваната тајна – Мирослав Илиќ се обидел да ја силува Брена