Мирослав Јовановиќ (65), кој го убил својот татко Светислав (91), по што се уби и себе си, најверојатно најавил што ќе направи затоа што по пукањето во станот дошле нивните роднини, а вратата не е обиена.
Според тоа што го говорат соседите и познаниците на Мирослав од белградската населба Вождовац, тој не можел веќе да ја издржи психичката тортура која ја преживувал со неговиот татко, кој поради тешка болест веќе две години не излегувал од станот.
Соседите кои живеат во зградата во која живее Мирослав во Звездари, за српски Курир велат дека Светислав, таткото на Мирослав има и ќерка со која не бил во добри односи затоа што станот му го препишал на Мирослав.
– Таа не доаѓаше, но пред една вечер тука беше неговиот зет, го споменуваа и внукот од сестра на Мирослав. Станот не беше обиен, па верувам дека Мирослав се испланирал и за тоа ги известил роднините кои наскоро се појавија – вели една од соседките.
Таа додава дека ништо не чула иако живее на спратот на кој се случило убиството.
– Верувам дека Мирослав го убил прво татка си, па себе во петокот, затоа што го сретнав ден претходно. Приказните дека комшиите пријавиле смрдеа не се точни. И зетот на убиениот старец беше тука, претпоставувам дека знаел што се случило – вели таа.
Сосетката додава дека Мирослав, кој работел како таксист, бил мирен човек кој му бил посветен на болниот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка