| четврток, 6 декември 2018 |

Естрадата во страв – љубовницата на Илиќ ги открива мрачните тајни

miki

Мирјана Антоновќ, поранешна љубовница на Мирослав Илиќ, кој ни по 3 децении не сака да го признае синот кој го има со неа, пишува автобиографија, во која ќе ги разоткрие тајните на многу естрадни ѕвезди, меѓу кои и оние за Славејот од Мрчајевци.

-Напишав се што било кога имав да кажам за мојата врска со Мирослав, а деталите кој и тој ќе ги дознае се вообичаени женски тајни кои машките тешко можат да ги сфатат. Можеби ќе го поттикнам, првенствено Мирослав, а со тоа и сличните нему на едно поконструктивно и секако поинакво размислување – порача Антоновиќ.

miki2

-Ми беа потребни години да се решам да ги спојам сите убави и грди фрагменти од мојот живот во една целина. Мислам дека секој по малку ќе се пронајде, барем во некои од многубројните секвенци на мојот могу турбулентен живот – таинствена е Мирјана.

Мирјана и Девин требаше да се соочат со Мирослав на суд на 5 септември заради докажување на татковство, но тоа е одложено, а ново се уште не е закажано.

-Девин својата желба за запознавање на татка си ја преобрати во борба за закон со кој сака да им помогне на други деца кои со своите мајки имаат слични проблеми и скоро никаква законска регулатива. Моментно работи како доктор во една од најпрестижните американски клиники – горда е на својот син Мирјана.

miki3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top