| четврток, 6 декември 2018 |

Дела од колонијата „Михајлово“ на изложба во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Во петок, 1 април, во 19.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на дела од колонијата „Михајлово“ од Кавадарци…

Ликовна колонија “Михајлово“ 2015 – Кавадарци е една од најстарите ликовни колонии во Македонија, што се одржува во Кавадарци. Насловена е како “Михајлово“, по областа која се наоѓа во пазувите на планината Кожув, каде е и едно од најпознатите планински одморалишта во Македонија.

Во 2015 се одржа јубилејното 20 издание на колонијата со учество на над 45 ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Косово, Албанија, Турција и Грција, овојпат во прекрасниот амбиент на Хотелот “Уни палас 2“ Кавадарци, каде уметниците твореа инспирирани од околината и пејсажите на Кавадарци и Тиквешијата.

Организатор на Ликовната колонија “Михајлово“ е Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци со поддршка на Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура.

Делата кои ѓе бидат изложени во Прилеп, се само дел од бројните кои настанаа на последното издание на колонијата, која традиционално се одржува од 20 до 30 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top