| четврток, 6 декември 2018 |

Помина уште еден роденден на деценијата: И синот на Брена стана полнолетен (ФОТО)

Ако лани Балканот го тресеше веста за полнолетството на синот на Цеца, Вељко, годинава на големо се тресат балканските брда од веста за полнолетството на неговиот близок другар, синот на Брена. Каде ќе слави, кого ќе покани, кој не сака да се појави, кому не му одговара локацијата, се изначитавме сензационалистички наслови откако завршија Божиќните пости.

brena

Брена се појави во бело-црна елегантна комбинација

Нејсе, овој голем чин и исклучително важен ден за пејачката и тенисерот Бобан Живоиновиќ беше заокружен вчера – со гала прослава во луксузниот белградски хотел „Краун плаза“ Виктор ги наполни фамозните 18 години. Славењето започна уште пред недела-две, Виктор прославуваше по дикотеки, кафеани, кафулиња, и секако за се бевме уредно информирани.

brena2

Сега можеме да здивнеме и да се изнагледаме ексклузивни фотографии кои со денови ќе се појавуваат по српските портали.

brena 3.jpg

Уживајте во луксузот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top