Марио Геце ќе биде нов член на германскиот шампион Баерн Минхен, објави германски „Билд“. Плејмејкерот на Борусија Дортмунд, конечно, попуштил по долготрајно убедување, а трансферот, кој е најавен како сигурен, е сензационален за германски услови.
Борусија и Баерн се големи ривали, особено во последните две децении, па малкумина очекуваа Геце да се одлучи за трансфер во Минхен. Борусија не може да го спречи заминувањето на германскиот репрезентативец. Баерн, како што тврди „Билд“, е подготвен да ја плати сумата од 37 милиони евра, како отштета за фудбалерот. Двете германски екипи денеска и утре играат полуфинални натпревари во ЛШ, против шпанските гиганти Реал и Барселона. Баерн вечерва на домашен терен ја пречекува Барселона, а првиот меч меѓу Борусија и Реал, исто така, се игра во Германија, но утревечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија