| четврток, 6 декември 2018 |

Жмал: Не е сѐ готово, Металург е опасен гостин

Славомир Жмал, голманот на Кјелце, очекува нова тешка битка со Металург и во реваншот на 28 април во Полска. Нашиот првак ќе го почне вториот дуел со негатива од 2 гола, по поразот дома од 25-27, а ќе бара нова среќа и прва победа во четвртиот меч сезонава против ривалот во четврт-финалето од ЛШ.

– Ова се тешки дуели со огромен влог и сѐ ќе се решава во реваншот иако имаме одличен резултат по првиот меч. Металург е опасен противник и кога гостува. Го паметам вториот дуел од фазата по групи кога тие водеа и со 6 гола разлика во Кјелце. Не смееме да мислиме на победата во Скопје и очекувам нов неизвесен натпревар со Металург. Два гола предност не значат многу во ракометот, но секако е подобро да имате предност отколку негатива пред решавачките 60 минути – вели Жмал.

Полска е на нозе по победата на Кјелце, а се очекува полна сала во реваншот и голема поддршка за историски пласман на клубот на завршниот турнир во Келн, кој ќе се игра на 1 и на 2 јуни. Иста цел, и покрај негативата од два гола, има и Металург, а сѐ ќе се знае околу 19 часот в недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top