Пред да биде уништена неупотребливата опрема, била доставена наредба за снимање на сите релевантни податоци од софтверот кои во иднина би можеле да се употребат во судска процедура, објави Пресс 24.
Најодговорниот за уништувањето, началникот Сашо Трајковски на 17.04.2015 година составил допис со кој ги информирал надредените дека е постапено по наредбата. Во дописот тој конкретно информира: „Процедурата на копирање на судските наредби од 2014 година е направена од страна на стручно техничко лице од компанијата производител на системот за следење на комуникации. Копијата е доставена до главниот администраторот на ООТПО на мемориски уред – хард диск со модел DNS 320 …“
Овој хард диск на барање на СЈО е доставен до Катица Јанева и практично Катица Јанева има пристап до целиот софтвер и податоци кои биле содржани во системот на УБК. Со оваа информација практично и не постојат дилеми дека Комисијата уништила само стар и неупотреблив хардвер, односно директно се демантираат сите инсинуации за каква било поврзаност со уништување некакви докази, пишува порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пишман Катица: Во ноември Јанева врескаше во судница и бараше судење за „Пуч“, во јануари вели немало докази
-
Докази за „Пуч“ има, но не и за Јанева
-
Пратениците се изјаснија против барањата на Јанева
-
Јанева одбива да му одговори на Димовски според кои критериуми ангажира експерти и колку точно разговори има СЈО? (ВИДЕО)