| четврток, 6 декември 2018 |

Докази за „Пуч“ има, но не и за Јанева

МВР и Oбвинителството за гонење организиран криминал, во јануари пред две години обвинија дека поранешниот контаразузнавач Зоран Верушевски шпионирал и собирал документи од државни институции.

Криптирани пораки, анализа на безбедносната состојба и политичките случувања во Македонија, скајп-комуникации и заговор на црни сценарија. Писма рачно напишани, за кои Заев потврди дека му ги испраќал на Верушевски, видеоснимка од уцената во премиерскиот кабинет не се доволно докази за СЈО и Катица Јанева за да биде застапник на обвинението за мегааферата „Пуч“, во која беа обвинети петмина, а шестоосомничениот ја призна вината и одлежа затворска казна, објави телевизија Алфа.

graganska-vojnaverus

МВР и Oбвинителството за гонење организиран криминал, во јануари пред две години обвинија дека поранешниот контаразузнавач Зоран Верушевски шпионирал и собирал документи од државни институции, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се заканувал и го уценувал тогашниот премиер Груевски дека ќе ги објави компромитирачките материјал.

Форензичката анализа на носачите на информации од запленетите компјутери на Верушевски открија скајп комуникација меѓу него и Лазаревски, кои се кријат зад прекарите „Кока кола 10а“ и „Оркестар 11“. Според истрагата беа пронајдени и анализи на политичката и безбедносната состојба во Македонија, неколку години наназад, поткрепена со тези, транскрипти од телефонски разговори и смс.

puc zaev verusevski

Поголем дел од нив биле симнати од хард диск на веќе оштетен лаптоп, еден од синовите на Верушевски се обидел да го искрши со секира пред да падне во рацете на полицијата, информираа тогаш од МВР. Лаптопот, го уништил, но хард дискот останал неоштетен, па полицијата стигнала до траг на поголем број активности кои ги имал контраразузнавачот, информираа тогаш од МВР.

pismo-zaev

Полицијата во домот на Верушевски најде и писмо, за кое лидерот на СДСМ потврди во телевизиско интервју дека му го испратил.

„Работата која ја чекавме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив многу високи познаници од партијата на премиерот … (мислејќи на странската држава) кои се токму на општествените позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и вие. Сега останува само да ми кажете кога може да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но богами и овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата“ – му напишал Заев на Верушевски.

-Писмото е автентично, комплетно точно – изјави претседателот на СДСМ, во интервју за 24 Вести, во февруари 2015 година.

verusevskired-sud-6-custom

За време на истрагата полицијата откри дека поранешниот шеф на ДБК, усовршил криптиран начин на комуникација со членовите на неговото семејство. Пораки меѓу себе не пишувале со букви, туку со бројки. Како да го разберат напишаното знаеле единствено тие. За секоја буква, имало број, некои букви ги пишувале со едноцифрени, а некои со двоцифрени броеви. Еден од телефоните беше најден за време на апсењето на сопругата на Верушевски во домот на 5 обвинетиот, во Струмица. Според полицијата за време на акцијата таа го фрлила телефонот преку прозор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top