| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Сопствена соба, сопствено гето: Женско писмо во современата македонска проза“ на Елизабета Баковска

Во Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН) – Скопје на 30 март, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Сопствена соба, сопствено гето: Женско писмо во современата македонска проза“ на авторката Елизабета Баковска.

Книгата на Баковска анализира прозни дела напишани од жени на македонски јазик во периодот од 1980 до 2010 година. Конкретниот интерес на овој труд е преку проследување на одредени дела напишани од жени, т.е. преку еден гинокритички пристап, да ги согледа и да ги посочи спецификите на женското прозно писмо напишано и објавено во овој период.

Анализирани се  делата на: Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Јадранка Владова, Кица Колбе, Оливера Ќорвезироска, Лидија Димковска, Румена Бужаровска, Ирена Цветковиќ, Ирена Јорданова, Галијана Маркова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top