Утре (четврток, 31 март) во „Матица ексклузив“ во 19 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Меѓу два света“ од Диме Ратајкоски. За стихозбирката, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје, ќе зборуваат поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски и Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата, а стиховите ќе ги чита артистот Љупчо Тодоровски Упа.
Диме Ратајкоски е роден во Скопје во 1983 година. Дипломирал во 2006 година на Филозофскиот факултет во Скопје, а сега е магистрант на Катедрата по Историја. Од 2009 година ја посетувал CIRCOM Академијата за новинарство и документаристика во Нирнберг, Германија. Работи како новинар и документарист во Македонската Радиотелевизија. Од 2011 година е уредник на Културно-документарната програма на МТВ1, каде што се јавува како сценарист и автор на документарни филмови, емисии и репортажи. Од 2012 година е главен и одговорен уредник на МТВ1.“Меѓу два света” е негова прва стихозбирка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.