Скопје ќе добие голема ботаничка градина со различни видови растенија, кои денес можат да се сретнат во сите делови од земјата. За таа цел Градот распиша тендер за изработка на техничка документација за изградба на стакленик за алотохни растенија во ботаничка градина, со проценета вредност од 2,5 милиони денари. На огласот најповолна понуда доставила фирмата „Архиум Љупчо“ д.о.о.е.л. од Скопје која понудила најниска цена од 1,725 милиони денари, поточно околу 28.000 евра.
Предвидено е во градината, која ќе биде во рамки на Зоолошката градина, да има автохтони видови растенија, кои се природно распространети во Македонија, како и алохтони видови, односно растенија внесени однадвор, односно биле засадени кај нас намерно или ненамерно. Исто така, ќе има и ендемитни растенија специфични само за Македонија.
Од Градот објаснуваат дека подигнувањето ботаничка градина ќе биде од исклучително значење за научно-образовниот процес, бидејќи на едно место ќе може да се видат Природно-научниот музеј, Зоолошката и Ботаничката градина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.