| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров најдобар стрелец, Манасков со најголема минутажа

Миркуловски има најмногу украдени топки, а Јоновски е најдобар блокер

Завршија пет кола од групата Б на овогодинешното Светско првенство во ракомет, кое се оддржува во Шпанија. Р.К. „Металург“ ја објави личната статистика на нашите ракометари.

Најдобар стрелец: Кире Лазаров со 36 погодоци. Втор е Манасков (23), а трети се Мојсовски  (17) и Стоилов (17).

Најдобар асистент: Кире Лазаров со 20 асистенции. Следуваат Миркуловски (9) и Мојсовски (8).

Најдобар крадец на топки: Миркуловски со 8 украдени топки. Следуваат Ангеловски (4) и Манасков, Јоновски и Темелков со по 3.

Најдобар блокер: Јоновски со 7 блока, пред Велко Маркоски со 2 блока.

Најкорисен играч (гол + асистенција): Кире Лазаров со 56 (36 + 20), пред Мојсовски 25 (17 + 8) и Манасков 23 (23 + 0).

Најмногу на терен помина: Манасков (4.38.16), пред Кире Лазаров (3.54.01) и Ристовски (3.23.22)

 

Еве ја личната статистика на нашите репрезентативци:

01. Ристовски Борко: Настапи на сите 5 средби и одигра вкупно 3 ч. 23 м. 22 с. Има 45 одбрани од 137 упатени удари (32 %).

02. Митревски Никола: Настапи на 4 средби и одигра вкупно 1 ч. 25 м. 42 с. Има 18 одбрани од 68 упатени удари (26 %).

03. Манасков Дејан: Настапи на 5 средби (4 ч. 38 м. 16 с.). Постигна 23 гола од 30 обиди (76 %), а има и 3 украдени топки.

04. Стоилов Стојанче: Настапи на 5 средби (1 ч. 43 м. 09 с.). Постигна 17 гола од 19 обиди (89 %). Има 2 украдени топки и 1 блок.

05. Кире Лазаров: Настапи на 5 средби (3 ч. 54 м. 01 с.). Постигна 36 гола од 60 обиди (60 %). Има 20 асистенции и 1 украдена топка. Изведе 18 пенали и постигна 14 гола (78 %).

06. Јоновски Аце: Настапи на 5 средби (1 ч. 55 м. 38 с.). Постигна 1 гол од 1 обид. Има 2 асистенции, 3 украдени топки и 7 блока.

07. Ангеловски Бранислав: Настапи на 5 средби (2 ч. 00 м. 04 с.). Постигна 3 гола од 8 обиди (37 %). Има 1 асистенција, 4 украдени топки и 1 блок.

08. Темелков Владимир: Настапи на 4 средби (2 ч. 03 м. 11 с.). Постигна 4 гола од 6 обиди (66 %). Има 2 асистенции, 3 украдени топки и 1 блок.

09. Миркуловски Филип: Настапи на 5 средби (2 ч. 38 м. 04 с.). Постигна 7 гола од 17 обиди (41 %). Има 9 асистенции и 8 украдени топки.

10. Маркоски Велко: Настапи на 5 средби (2 ч. 10 м. 13 с.). Постигна 5 гола од 5 обиди (100 %). Има 1 асистенција и 2 блока.

11. Маркоски Никола: Настапи на 5 средби (1 ч. 46 м. 20 с.). Постигна 7 гола од 9 обиди (77 %). Има по една украдена топка, асистенција и блок.

12. Мојсовски Наумче: Настапи на 5 средби (2 ч. 49 м. 11 с.). Постигна 17 гола од 34 обиди (50 %). Има 8 асистенции и 1 украдена топка.

13. Димовски Ванчо: Настапи на 5 средби (0 ч. 38 м. 42 с.). Постигна 4 гола од 5 удари (80 %).

14. Георгиевски Гоце: Настапи на 5 средби (1 ч. 26 м. 52 с.). Постигна 8 гола од 13 обиди (61 %), а има и 2 украдени топки.

15. Лазаров Филип: Настапи на 4 средби (1 ч. 11 м. 34 с.). Постигна 9 гола од 15 удари (60 %), а има и 6 асистенции.

16. Левов Милан: Настапи на 4 средби (0 ч. 23 м. 13 с.). Постигна 1 гол од 4 обиди (25 %), а има 1 асистенција и две украдени топки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top