Во понеделник, 28 март, во 18.00 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Ана Франк – Лекции за сегашноста“…
Патувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.
Изложбата во Македонија е во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денес“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.
Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.
Она што ја прави оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.
Изложбата досега има посетено четириесетина земји, а во Македонија отворањето беше во Министерството за надворешни работи, во чест на обележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, 27-ми јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.