| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен „финансискиот директор“ на наркокартелот „Синалоа”

Мексиканската полиција го уапси главниот раководител на финансиските операции на наркокартелот „Синалоа“, во јужниот мексикански град Оахака.

Хуан Мануел Алварес Инсунса (34), со прекарот „Кралот Мидас“, организирал операции за перење пари на наркокартелот, кои годишно изнесувале меѓу 300 и 400 милиони долари.

Мрежата за перење пари се простирала на териториите на Мексико, Колумбија, Панама и на САД, соопшти мексиканската полиција на „Твитер“.

Лидерот на картелот Хоакин Гусман, со прекар „Ел Чапо“, кој двапати избега од мексиканскиот затвор кој е со највисоки мерки за безбедност, е фатен во јануари во Мексико.

Вториот човек на картелот, Исмаел Самбада Гарсија, е сѐ уште на слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top