Пабло Ескобар, „кралот на кокаинот“ и водач на наркокартелот Меделин, и 20 години по неговата смрт продолжува да е страв и трепет во своето родно место во Колкумбија. Нилските коњи, дел од неговата лична зоолошка градина, сега се опасност за жителите во селото.
Според некои податоци Пабло Ескобар во моментот на најголема моќ, бил 17-ти најбогат човек на светот, а картелот Меделин прошверцувал 80 проценти од кокаинот внесен во САД. Картелот е одговорен за убиствата на над 5.000 лица.
Ескобар е убиен во престрелка со колумбиската полиција и воените сили на покривот на зградата во 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.