Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, покрај судскиот процес за затајување на данок со соочи со нови сериозни проблеми со законот откако беше обелоденето дека ревијалните средби на најдобриот фудбалер во светот биле користени од страна на мексикански наркокартел за перење на пари.
Според каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво”, целиот случај е истражуван од американската агенција за борба против наркотици, а за истиот се известени и шпанските власти. Аргентинецот во последните години организираше неколку натпревари, настани кои го носеа името „Меси и пријателите”. Сепак, „Ел Мундо” тврди дека овие средби покрај спортскиот карактер, служеле за сериозен криминал. Зад целиот случај стои мексиканскиот наркокартел „Лос Валенсија”, кој перел големи суми на пари преку продажба на фиктивни билети, но и потпишување на спонзорски договори за покривање на настанот. Натпреварите „Меси и пријателите” официјално беа организирани од страна на „Фондацијата Меси” со која раководи таткото на фудбалерот, кој е обвинет и во судскиот процес за затајување на данок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.