| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат пресметките на нарко-картелите: Во Боливија ликвидиран Горан Поповиќ (видео)

Видео камерите го забележале убиството на Горан Поповиќ (39), Србин родум од Хрватска, кој беше ликвидиран во понеделникот во Санта Круз, во Боливија, додека седел во интернет кафе.

Непознат напаѓач истрелал три куршуми во главата и телото на некогашниот припадник на „црвени беретки“, за кого постојат сомневања дека соработувал и со Дарко Шариќ.

Напаѓачот имал и соучесник кој го чекал надвор на мотор, а потоа заедно избегале од местото на настанот. Ова на локалните медиуми им го кажал очевидец на убиството.

Убиството на Поповиќ чиј идентитет дополнително е утврден врз основа на отисоци од прсти, бидејќи со себе носел лажни документи на име Давид Етеровиќ Мелгар, веројатно е продолжување на пресметките на нарко-картелите со припадници на балканската мафија, откриваат извори од истрагата..

Како што наведуваат, ликвидаcијата на Поповиќ најверојатно е поврзана со убиството на Горан Фредерик Ставриќ во Лима, што се случи неодамна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top