Алем Тоскиќ, пикерот на Вардар, го одигра „натпреварот на кариерата“ во „црвено-црниот“ дрес. Тој беше најдобар стрелец на денешниот натпревар со стопроцентна реализација – осум гола од осум обиди.
„Честитки за Висла на одличниот натпревар. Одиграа добро, не само денеска туку и на првиот меч во Полска. Покажаа дека се квалитетна екипа иако денеска имаа проблеми со повредените играчи, но имавме и ние, таков е ракометот. Може да бидеме задоволни што се пласиравме во четвртфиналето од ЛШ. Се мачевме цел натпревар, но на крај покажавме дека имаме квалитет и дека заслужуваме да играме четвртфинале. Сега имаме малку одмор, па не чекаат многу натпревари во Ф4 во СЕХА, па потоа Веспрем во Лигата на шампионите. На Веспрем му ја препуштаме улогата на фаворит. Тие и се фаворити во овој дуел, но ќе дадеме се од себе, па ќе видиме како ќе биде“ – изјави по натпреварот Алем Тоскиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.