| четврток, 6 декември 2018 |

Северина не ја сакаат во Нови Пазар: Ја нарекоа порно ѕвезда!

Откако градската власт објави дека на 20 април, на прославата на 555 роденден на Нови пазар ќе пее Северина, порталот Санџаконлајн објави скандалозен текст со наслов„Нови Пазар 555.  роденден ќе го слави со концерт на порно ѕвезда“, а потоа следеа бројни негативни коментари на социјалните мрежи во кои се навредува хрватската пејачка.

Со коментари дека „Северина го навредува моралот на  жителите на Нови Пазар“, како и дека таа во ниту еден случај  не смее да пее на прославата, се редат навреди на адреса на Северина и на Фејсбук и на Твитер, а тоа што на сите најмногу им пречи е информацијата дека сопругата на Игор Којиќ за настап во Нови Пазар наводно ќе добие хонорар од 40 000 евра.

koncert-Severina-Antonis-Remos-230915-ZK-9-660x330 (1)

Од друга страна Северина е воодушевена поради претстојниот концерт.

-Најпрво сакам да им се заблагодарам на организаторите кои ме поканија. Никогаш не сум пеела во Нови Пазар и ќе ми биде големо задоволство што ќе пеам на Денот на вашиот граф. Чувствувам дека тоа ќе биде убава ноќ –изјавила Сверина за РТВ Нови Пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top