| четврток, 6 декември 2018 |

Бившиот на Северина го тужел нејзиниот маж за експонирање на малиот Александар

milan-popović-660x446„Северина не ја пријавував на полицијата, иако неколку пати имав причина за тоа, но не сакав да почнувам војна со неа. Веќе три години се обидувам да се договорам со неа за она што е најдобро за нашето дете“, вели Милан Поповиќ за магазинот „Свет“. Имено, извори блиски на Северина Којиќ тврдат дека Милан сепак поднел две прекршочни пријави, а не го поштедил ниту нејзиниот маж Игор Којиќ. Поповиќ од сопругот на Северина на Вишиот суд во Белград барал 700.000 динари, бидејќи на социјалните мрежи објавувал фотографии со Александар.

severina2-600x460Еднаш Поповиќ ја пријавил бившата партнерка бидејќи кон крајот на 2015 година дозволила Александар да се фотографира со бившиот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, а втората пријава ја поднел во септември 2015, откако Северина на социјалните мрежи почна да се фали и да покажува како нејзиниот син го прегрнува Игор. На Милан наводно му пречела медиумската експонираност на неговиот син. Судот ги отрфлил двете пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top