Овој викенд, во недела (27.03.2016) од 9 до 19 часот во СЦ Кале ќе се одржи 5. и 6. коло од Вардар јуниор лигата каде се натпреваруваат три различни возрасни категории, родени 2004/2005, 2006/2009 и 1998/1999 година во двете конкуренции. Влезот е слободен.
Веќе четири месеци секој викенд се одржуваат натпревари од Вардар јуниор лигата, проект на Ракометната Академија на РК Вардар. Салите во СЦ „Јане Сандански” и СЦ „Кале” беа препознатливи по детскиот и тинејџерски џагор, каде се одигруваа натпревари од повеќе старосни категории.
Формирањето на Ракометната Академија на Вардар и иницирањето на Вардар јуниор лигата создава нова визија со цел на унапредување на работата со децата. Има стабилна база од 20 регионални единици низ цела Македонија кои опфаќаат деца на возраст од 6 до 16 години, што чини основа за работа на академијата и воведување на систем на работа.
Нашата поставена цел почнува да носи резултати. Секоја генерација на ракометари и ракометарки кои тренираат под закрилата на Ракометната академија на Вардар имаат постојано натпревари низ кои се напредува во формата, знаењето и едукацијата. Секој натпревар носи „плус” за секој наш член
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.