| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров заборавен од ЕХФ

Поразот на Металург со 25-27 од Кјелце, очекувано не му донесе позиција на ниту еден ракометар на нашиот првак во стартната постава по првите четврт-финални мечеви. Немаше место ниту за Кирил Лазаров, кој одигра одлично и со 6 гола беше најефикасен во блескавата победа на Атлетико Мадрид против Барселона со 25-20.

Во изборот на ЕХФ на голот е клупскиот соиграч на Лазаров, Хосе Омбрадос, кој имаше 11 одбрани против Барселона. Во најдобрата седморка место има и за извонредниот Ивано Балиќ, кој игра заедно со нашиот капитен. Тој даде 4 гола, а на неверојатен начин и одбрани гол кога беше во игра со маркер наместо Омбрадос. Кјелце заслужено го победи Металург, а еден од најдобрите кај гостите беше левото крило Метју Јахлевски со 4 гола. Тој е во избраниот тим на ЕХФ, како единствен од полскиот тим.

Иако загуби од Кил со 31-32, на гостувањето, унгарскиот екипа Веспрем има двајца ракометари во идеалните седум. Ласло Наѓ е најдобар десен бек, а Ренато Сулиќ прв пикер. Кристијан Шпренгер од Кил е прв пик на ЕХФ, на десно крило. Во почетната постава на најдобрите е и левиот бек на Хамбург, Паскал Хенс, кој одигра извонредно во победата на неговиот тим против Фленсбург, на гостински терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top