| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата пронајде нов тврд диск – во него се наоѓале незаконски прислушувани разговори?!

bekir-zaev

Тврд диск сокриен во душек пронашла полицијата во еден од претресите, кои со наредба на Судот од утрово се вршат на седум локации како продолжение на акцијата за разбивање на „Фабриката за афери на СДСМ“, пишува „Прес 24“.

Како што веќе објави „Прес24“ истрагата се сомнева дека во дискот се наоѓале незаконски прислушувани разговори, кои може да потекнуваат од базата на Заев и со кои требало да се уценуваат познати бизнисмени и важни луѓе од општествениот живот во Македонија.

Претходно, истрагата при претресите пронајде 70.000 незаконски прислушувани разговори во компјутерот на првоосомничениот Захир Бекири – Чауш за кои, исто така, постои сомнение дека се тргувале со криминални структури од земјава и од регионот и биле наменети за уценување на истакнати личности.

Претходно, полицијата во домот на Чауш и на неговите соработници пронајде и докази што потврдуваат дека токму Бекири е лицето што стои зад евентуалната афера со фалсификуваните лични карти и пасоши.

Покрај тоа, пронајдени беа и фалсификувани бугарски пасоши со имињата и со фотографиите на луѓе од највисокото државно раководство, меѓу кои и експремиерот Груевски, неговиот шеф на кабинетот Протоѓер и други поранешни и актуелни министри.

Пронајдени беа и фалсификувани обрасци од евентуални банкарски трансакции од банки во Швајцарија и други офшор-земји на кои стоело името на ексшефот на ДБК Мијалков, кои требало да послужат за негово дискредитирање во јавноста и за фабрикување обвиненија за нелегални трансфери на пари.

Пронајдена беше и база на податоци со украден идентитет на повеќе од 120.000 граѓани.

Шемата на Чауш и на СДСМ веќе ѝ е позната на јавноста. Чауш печател фалсификувани документи, а потоа му ги предавал на весникот „Фокус“, кој од тоа фабрикувал афери во јавноста. Чауш одел до таму што снимал и видеа за фабрикуваните афери да изгледаат повистинити.

Истрагата се уште утврдува дали новинарот од весникот „Фокус“ бил дел од криминалната група или дејствувал без да знае дека му се подметнуваат фалсификати. Доколку се докаже неговата вмешаност не се исклучува и против него да биде поведена кривична постапка.

Захир Беќири – Чауш важи за истакнат член на СДСМ. Неговата сопруга е дел од партиските вработувања на СДСМ и платата ја зема од општинската фирма Паркинзи центар, каде што директорува Саша Богдановиќ, претседател на општинскиот разгранок на СДСМ во скопски Центар.

Јавноста ја виде и фотографијата на која лидерот на СДСМ Зоран Заев е сликан со Чауш во просториите на партијата на Бихаќка, по што Заев конечно призна дека тој е член на СДСМ.

„Сител“ неодамна ги објави и разговорите и телефонските пораки кои Заев ги разменувал со сопругата на Чауш во моментот кога тој беше приведен од полицијата.

viber1 viber2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top