| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести за Македонија пред квалификацискиот турнир за ОИ

sanai

Ракометната репрезентацијата на Тунис по бројните превирања и суспензии на нивните играчи пред квалификациите за ОИ во Рио, што се играат во Гдањск, Полска доживеа уте еден пех. Селекторот на Тунис не може да смета на услугите на бекот Мосбах Санаи за претстојните олимписки квалификации во Гдањск, на кои Тунижаните ќе бидат еден од противниците на Македонија покрај селекциите на Полска и на Чиле.

Левиот бек на катарскиот Ал Џаиш, го повреди коленото на натпревар од азиското првенство и му претстои едномесечна пауза. Санаи (24) важи за еден од најталентираните туниски ракометари од новата генерација. Тој неодамна објави дека ја завршува репрезентативната кариера во дресот на Тунис, сепак, по назначувањето на новиот селектор, Хафед Зуаби на местото на Силвен Нуе кој беше суспендиран од ИХФ, Санаи ја смени одлуката и се врати во националниот состав. Но, на крај повредата го спречи бекот на Тунис да настапи на квалификациите за пласман на ОИ во Рио.

Олимписките квалификации ќе се одржат од 8 до 10 април во Гдањск. Македонската репрезентација ќе игра против Тунис во вториот натпревар на турнирот, на 9 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top