| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена изложбата на фотографии на Јана Луловска во Софија

Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија е отворена самостојна фотографска изложба на Јана Луловска, со наслов “Корелација”.
DSCN1275
На изложбата која ќе биде поставена до 6 април, публиката преку 22 диптиха работени во гумитипија, има можност да се запознае со естетиката и мајсторските умеења на младата македонска уметница.
DSCN1280
Изложбата ја отвори директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров, а Јана Луловска во својот поздравен говор посебно го образложи процесот на создавањето на овие необични фотографски дела, кои во своето финално претставување наликуваат на акварели.
DSCN1294
Луловска е родена во 1986 година во Скопје, има завршено фотографија на Академијата за филм и театарска уметност во Софија, реализирала неколку самостојни и повеќе групни изложби, од кои позначајни се нејзините претставувања во Скопје, Брисел и неколку градови во Република Бугарија.
Првата самостојна фото-изложба на Јана Луловска во меѓународни рамки, беше финансиски помогната од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top