| четврток, 6 декември 2018 |

Нутриционистите препорачуваат диета од 13 дена: Се слабее 8-10 килограми

Диетата трае 13 дена и за тоа време можете да ослабнете 8 – 10 килограми. Диетата е балансирана и се препорачува од нутриционисти.

Ден 1 појадок чаша зелен чај, ручек две варени јајца, домати и зелена салата без зачини. Вечера 150 грама варено телешко и спанаќ на пареа.

Ден 2 наутро чаша зелен чај, ручек печено телешко 150 грама, салата од домати и марула. Вечера супа од зеленчук, но без компири.

Ден 3 наутро мусли со јогурт, ручек варено пилешко и зелена салата. Вечера две варени јајца и салата марула.

Ден 4 наутро чаша зелен чај, ручек едно јајце, парче сирење и 2 моркови. Вечера овошна салата и чаша кисело млеко.

Ден 5 наутро рендани моркови со лимонов сок. Ручек риба на скара и домати. Вечера телешко варено и зелена салата.

Ден 6 наутро мусли со јогурт, ручек парче пилешко на скара и салата марула. Вечера телешко варено и домати.

Ден 7 наутро чаша зелен чај, ручек телешко варено и салата. Вечера овошна салата и чаша кисело млеко.

Од 8 – 13 ден менито се повторува. количината месо на секој оброк изнесува 150 грама. Вода се пие по 2 литри секојдневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top