Без сомнение, ова се денови на големи искушенија за македонскиот народ. Токму овие екстремни премрежиња го ставаат на тест сето она, што е свето за македонските мажи и жени, сите оние вредности, што на најдоблесен начин го дефинираат македонскиот идентитет, сѐ она што ја одвојува убавината од грдотијата, етичноста од бессловесноста и свеста од игнорантноста.
Тоа се овие времиња на голема вознемиреност, кога и на оние најоптимистички настроените граѓанки и граѓани македонски, на оние најнаивните и најдоверливите, оние најпитомите, што се секогаш спремни за дружба и пријателство, за помош на паднатите и несреќните, на оние, спремни на галантни гести, исполнети со топла гостопримливост, на сите оние јагниња македонски, на оние, со сончеви насмевки, на оние, што се како деца по милната и беспорочната им нарав, за сите нив, во овие времиња на голем хаос веќе им станува јасно, колку, всушност, многу душмани има овој народ, овој древен космополитски народ, овој богољубив библиски народ.
Го гледаат тоа нашите наивни и питоми, како бели галаби, браќа и сестри, по магнитудата и комплексната структура на широко оркестрираниот напад кон нашата држава, кон институциите на системот, коj нѐ одржува во една релативна интегрираност и ред, напад против поредокот во кој веруваме како легалисти, без оглед на тоа, дали партиципираме во политичкиот процес или сме само поети на аполитичкото, идиоти – што би рекол Платон, што гласаат или не гласаат, што градат цивилизациски градби или завиваат по Месечината со космичка инспирација.
За сите нас, за сите нив, ова се времиња на сурово будење, на болно и потресно освестување, и, тоа, што поскоро – толку подобро, без оглед на стресот, на болката, на разорените илузии.
Големиот напад од антимакедонските сили има една примарна цел, помеѓу сите оние други, секундарни и терцијарни деструктивни ефекти, а тоа е македонскиот народ повторно да се пороби, по кој знае кој пат во неговата мрачна и крвава историја.
И, веќе нема потреба, поаѓајќи од вашите возвишени карактери, да се прашувате – зошто? Веќе имаме доволно еклатантни примери и мноштво докази дека, влегувајќи во ваква философска промисла, каде аксиолошката доблест е хуманизмот, а парадигмите се сите оние универзални вредности, наложени од космичките бескрајни мудрости, се само мрежи на колебливоста и нерешителноста, кои нѐ прават збунети и слаби и, конечно, неспособни за жесток отпор, со кој единствено и можеме да се одбраниме од оваа напаст.
Затоа, најнапред треба да изградиме еден концепт на вистината, кој, пред сѐ, нема да биде во никаква спротивност со сите оние општочовечки вредности, но ќе треба добро да ги отвориме очите за тоа, дали се работи за искрен пристап кон нашите проблеми или за уште еден добро замаскиран душман, кодош и платеник, какви има многу во нашата околина. И, премногу.
Сеопштата мизерија на планетарно ниво накоти огромен број платеници и кодоши, кои во потрага по профит, се спремни на сѐ.
Ние ја разбираме нивната мизерија, но никако не можеме да се сложиме со фактот, дека санирањето на позицијата на еден несреќник треба да создаде нови илјадници несреќници, поради аморалните дејствија на таквиот саможивник и кукавица.
Посебно, со оглед на тоа, дека таквиот предавник има големи очекувања. Ги гледам сите наши проминентни кодоши и платеници како рикаат на јавната сцена со ужасни злонамери, ја гледам нивната хипокризија, таа итрина и глума, ставена во служба на нивната крајно нереална амбициозност. Им ја гледам манијакалната желба за моќ, ја гледам целата нивна карактерна деформираност, нивната човечка дегенерација, нивниот изнасилен снобизам, нивниот дегутантен цинизам, мизерниот им егоизам и саможивништво, целата нивна ругоба и гротескност.
Тоа е дружина на несаканите, на грдите, на оние што иритираат и исполнуваат со непријатност и гадење, тоа се оние, што човек ги заобиколува во голем круг, а кога тоа не го прави, тогаш е така од сожалување.
Но нив тагата не ги допира, уште помалку покајанието. Тоа се, всушност, бессловесни суштества, толку самољубиви и самобендисани, што воопшто не ги интересира мислењето на другите. Тоа што го сакаат, насила го земаат. Ова е крајно неделикатно, но е поразителната вистина за нив.
Тоа се силувачи и насилници, често пати и убијци. Подобни се на ѕверови, и ако добро се загледате во нив, ќе видите дека човечкиот облик е само вешто искреирана илузија, еден вид хипнотичка маска, зад која се кријат монструозни чудовишта.
Почувствувајте го само нивниот апетит за профит и општествена моќ. Еве ги сега, се собрале сите оние лигавци и гнасници, сите оние наемници на злото, сите одвратни и вообразени активисти на грозомората, како ‘ргнале против кроткиот нѝ народ. Да го прелажат, по кој знае кој пат, да го опљачкаат повторно, да го понижат и деградираат и, така мизерен, да го продадат во робје.
Но овој пат нема да се случи. Овојпат наидувате на непознати територии, комплескни лавиринти, низ кои ќе се изгубите и ќе заринката во очајот на немоќта.
Македонскиот народ сега со сигруност го знае она, што понапред му беше само претпоставка, која будеше инхибиција во него, поради мноштвото можни антитези.
Но, по сите ваши одвратности, тој сега знае со сигурност. А тоа спознание е неговата најголема сила, од која ќе бидете уништени.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.