Легендарниот НБА центар Дикембе Мутомбо е една од неколку славни спортски личности кои вчера се нашле во непосредна близина на терористичките напади во Брисел.
Мутомбо, по целата ситуација, објави своја фотографија на Фејсбук профилот порачувајќи дека е добро и на сигурно, преживувајќи го нападот на аеродромот во Брисел.
„Добро сум и на безбедно. Господ е голем“ – напиша Мутомбо на својот фејсбук профил.
Поранешниот НБА центар во текот на својата 19-годишна кариера осум пати настапи и на НБА Олстар мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.