Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ упати отворено писмо по „бурата“ која се повјави по неговата изјава дека тенисерите, можеби, би требало да заработуваат повеќе од тенисерките.
Новак, сега вели дека поради адреналинот или еуфоријата по освојувањето на рекордната петта титула во Индијан Велс, дал коментар кој не го отсликува најдобро неговиот став.
– Како што знаете, искрено посакувам професионалниот тенис и натаму да се развива и кога тоа го велам во глава ми се интересите на сите играчи. Поради тенисот и се ова што сум денеска, почувствував потреба да го кажам својот став за почесна и подобра дистрибуција на наградните фондови. Заедно треба да се бориме за подобри услови за сите играчи. Последно што имав на ум е мојот став да се претвори во борба на половите и приказни за разлика на награди, затоа што мојот став е дека сите тенисери и тенисерки треба да бидат еднакво наградени за својата игра и напорите кои ги вложуваат. Тоа е тоа што искрено го мислам на оваа тема, и се извинувам на сите оние кои ме разбраа на поинаков начин – напиша Ѓоковиќ.
А, целокупната приказна на оваа тема беше покрената кога директорот на Индијан Велс, Рејмонд Мур истакна дека тенисерките се „шлепаат“ покрај тенисерите. Тој подоцна поднесе оставка, а со Ѓоковиќ не се согласија Мареј, Серена Вилијамс, Мартина Навратилова и многу други…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.