Во среда, (23. март), Асоцијацијата за истражување, комуникација и развој “Паблик“ ќе одржи конференција за проектот “Анализа на бездомништвото во Македонија“ со почеток во 10 часот во хотел „Холидеј ин“, Скопје.
Овој проект е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Џејмс Стајн – директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Фросина Ременски – министер за труд и социјална политика и Климентина Илијевски – извршен директор на “Паблик“ ќе ја отворат конференцијата со своите почетни говори.
Други говорници кои ќе й се обратат на публиката се: Светлана Трбојевиќ – вонреден професор на Институтот за социјална работа и социјална политики; Славица Шекутковска – специјалист по социјална работа во здравство; Марина Матевска – раководител за социјални прашања во Црвен Крст на град Скопје; Душанка Петрова – Завод за социјални дејности на Р.М; Климентина Спасовска – Завод за социјални дејности и Анета Ристеска – уредник во уличното списание “Лице в Лице“.
Катерина Мојанчевска – истражувач/аналитичар на политики и Александра Илоска – истражувач/аналитичар на политики во “Паблик“, ќе зборуваат за системот за помош на бездомни лица во Македонија и ќе ја претстават веб-страната www.bezdomnistvo.mk.
Работна средба со претставници од центрите за социјална работа и лица кои што директно работат со бездомни лица
Во овој дел проф.др. Мариа Доневска ќе го претстави методскиот пакет за работа со бездомни лица по дефинираната категоризација, ќе биде претставен инструментот за мерење на бездомништвото, како и улогата на стручните лица од различни профили во работата со бездомни лица.
Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата отворено општество – Македонија (FOSM), во период од четири години има доделено 131 грант на граѓански организации во Македонија. Асоцијацијата за истражување, комуникација и развој “Паблик“ доби грант како дел од компонентата на проектот чија цел е зголемување на капацитетите на граѓанските организации за следење на работата на владините институции и застапување базирано на истражување. Оваа конференција е дел од проектот “Анализа на бездомништвото во Македонија“. Целта на овој проект е развивање на методологија за мерење на бездомништвото (базирана на ЕТХОС – Европска типологоја на бездомништво и прекршување на правото на домување), со цел да се монитираат и евалуираат постоечките политики за бездомништвото во Македонија.
Проектот има намера да ја утврди првата дефиниција за бездомништво во Македонија која ќе биде во согласност со концептуалната рамка на ЕТХОС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ
-
Експерти од регионот ќе дискутираат за проблемите во образованието на возрасни