Неколку минути пред полетување на авионот, руската шминкерка Ана Сергејева (25) се фотографирала, а потоа ја споделила фотографијата на социјалните мрежи не знаејќи дека тоа ќе ѝ биде последната објавена фотографија во животот. Ана била меѓу патниците во авионот што летал од Дубаи до југот на Русија и кој не стигнал до аеродромот. Тој се урнал и притоа загинале сите 62 патника.
Во текот на изминатите шест месеци Ана работела во Дубаи како шминкерка, а тргнала за Русија за да го посети семејство на една недела. Самофотографирање пред полетување на авион е нов бизарен тренд кој младите го практикуваат на социјалните мрежи. Последните фотографии ги прават пред самото полетување на авинот за да остават последен спомен во случај да има несреќа и да не го преживеат летот. Ана решила да сподели едена таква фотографија – но нејзината, за жал, навистина била последна.
-Работеше таму за да заработи пари и да го издржува своето семејство – изјавила Катарина, другарката на Ана.
Авинот се урнал во недела (19.03.2016) за време на вториот обид за слетување на аеродром во Ростов на Дон. Според официјалните податоци, во авионот имало 55 патници и седум членови на екипаж. Немало преживеани. Леталото немало никакво оштетување пред полетувањето и затоа прво се верувало дека дошло до грешка на пилотот. Меѓутоа, најновите снимки покажуваат дека над аеродромот дувал толку силен ветер што буквално го носел авионот од една на друга страна поради што и се случила кобаната несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.