Седумдесет и шестгодишен неготинец е пронајден мртов, телото е дадено на обдукција, информира Анита Стојковска, портпаролката на СВР Велес.
– Утрово во 6,10 часот од страна на доктор од Итната медицинска помош, телефонски во Полициската станица – Неготино, пријавено е дека е пронајдено 76- годишно лице од Неготино во бессознание, кое е пренесено во Медицински центар Кавадарци, каде што од страна на лекарските служби е констатирана смрт – соопшти Стојковска.
Од страна на полициски службеници излезено е на самото место, извршен е увид и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.