| четврток, 6 декември 2018 |

„Магор“ ја објави „Уметниците за креативноста“ од Валентина Фернандез

„Уметниците за креативноста“ содржи интервјуа со тринаесет популарни уметници: Влатко Стефановски, Милош Коџоман, Владимир Василевски-Четкар, Драган Даутовски, Калиопи, Дадо Топиќ, Есма Реџепова, Никола Коџабашија, Мирослав Масин, Бодан Арсовски, Братислав Зафировски, Арбен Шакири, Гарабет и Диран Тавитјан. Акцентот е ставен врз истражувањето на креативните процеси што ги придружуваат уметноста и создавањето на уметничкото дело. Уметниците зборуваат за своите уметнички поттици од најраното детство и за тоа на кој начин се развивал нивниот уметнички импулс.
Книгата може да се чита како истражување од областа на психологијата на креативниот процес, при што создавањето на уметничкото дело е поставено и во поширокиот општествен контекст на уметникот. 

Во книгата Валентина Фернандез ги спојува својот професионален интерес и компетенција од областа на клиничката психологија со интересот за светот на уметноста, создавајќи книга што е интересна како за пошироката читателска публика така и за специјалистите заинтересирани за истражувањето на психолошките и психосоцијалните аспекти на творештвото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top