| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ го „издува“ Раониќ во финалето на Индијан Велс за рекордна петта титула

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерсот во Индијан велс, откако славеше во финалето против Милош Раониќ убедливо во два сета, со 6-2 и 6-0.

Ѓоковиќ е нов рекордер со најмногу освоени титули во историјата на Индијан Велс, стигнувајќи до својата петта титула. Претходно, заедно со Роџер Федерер имаа по четири титули на Мастерсот.

Покрај тоа, Новак Ѓоковиќ го израмни и рекордот на Рафаел Надал кога се во прашање освоените Мастерси. И двајцата сега имаат по 27 трофеи на Мастерсите.

Во шестиот меѓусебен дуел со Раониќ, српскиот тенисер сега славеше и по шести пат, апсолутно без никакви проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top