
Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ повлекува повеќе од 19.000 возила поради дефект на сопирачките, соопшти компанијата.
Повлекувањето се однесува на моделите „нисан петфајндер“ и „нисан инфинити ЈХ СУВ“ кои се произведени кон крајот на минатата и почетокот на оваа година.
Во соопштението на компанијата се наведува дека сопирачките во овие модели не се направени исправно и дека може да дојде до нивно пукање. Според „Нисан“, ако дојде до пукање, уредот за сопирање може да се преврти и да удира во тркалото на возилото.
Моделите кои се повлекуваат од пазарот се произведени во период од 3 декември 2012 година до 29 јануари 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


