Вчера во 10.00 часот од ЕИК Скопје било известено дека во текот на ноќта меѓу 2 и 3 ноември, во периодот од 21.00 до 06.00 часот од паркинг на ул. „Столхомска“ непознат сторител на непознат начин одзел автомобил „нисан сани“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.А.
Во 06.15 часот на обиколницата под надвозникот за с.Кондово – с.Волково, на м.в.Велеполе, полициски службеници го пронашле опожарено истото возило.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.