Потполно новиот „нисан икс-треил“ (NISSAN X-TRAIL) и новиот „нисан џук“ (Nissan Juke )пристигнаа во новоотворениот ексклузивен салон на „Нисан“ во Скопје. Заедно со „кашкаи“, динамични и иновативни, новите модели на „нисан“ се идеални за едно семејство, па во текот на следните четири викенди тимот на „Нисан“ овозможува пробно возење како и забава и рекреација и за најмладите членови на семејството.
Новиот „нисан џук“ се враќа со нов спортски дизајн и префинет ентериер и со поголем капацитет на багажникот од 40%. Овозможени се 4 пакети за персонализација со дури 11 бои, така што можете да креирате стотици комбинации за да го направите вашиот „џук“ само ваш.
Освен „џук“, кој е направен да одговара на вашиот карактер, уверете се во врвот на урбаното искуство на новиот „кашкаи“ за време на месецот на „Нисан“. Новиот изглед на оригиналниот кросовер и потполно новите BI-LED светла, високо квалитетната завршна изведба и просторниот ентериер, го прават најпродаваниот модел на азискиот број еден во Европа уште подобар.
И покрај големата побарувачка и најавата дека ќе пристигне во 2015 година, пристигна и потполно новиот „нисан икс-треил“ со спортски дизајн, кој ја комбинира елеганцијата на кросоверот со големината на едно теренско возило. Поседува опција за седум седишта, со високо квалитетен ентериер, голем простор за нозете и флексибилни опции за багажот, што го прави перфектен за целото семејство.
Воден од страста за иновации и технологии, „Нисан“ во текот на последните седум години го преобрази светот на семејните автомобили. Сега, со примена на еднаков пристап кон дизајнот и оригиналното размислување од кое настанаа „кашкаи“, „икс-треил“ и „ноте“, „Нисан“ уште еднаш ја шири понудата на производи со возбудливиот и нов предизвикувач во класата на семејни хеџбек автомобили „пулсар“ (Pulsar) кој пристигна во Македонија и веќе е во продажба.
Искористете ја можноста наредните четири викенди да го закажете своето пробно возење во салонот на „Нисан“, понесете го целото семејство и уживајте во забавата која Ви ја овозможува нашиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.