Викторија Азаренка како 13.носител на првиот мастерс-турнир оваа сезона е новиот шампион на Индијан велс откако белоруската тенисерка во големото финале ја совлада фаворизираната Серена Вилијамс со 2-0 во сетови. Вилијамс, која се врати на овој турнир по пауза од 14 години, се надеваше дека ќе стигне до третиот трофеј во Индијан велс, но потфрли од почеток до крај и сосема заслужено капитулираше пред противничката која вечерва се покажа во дадалеку подобро светло.
Првиот сет мина во израмнета битка, но Азаренка подобро се снајде и успеа да слави со 6-4. Американката делуваше демотивирано, направи бројни неизнудени грешки, а Белорусинката го искористи тоа за да стигне до огромно водство од 4-0, a потоа и до 5-1. Серена покажа знаци на живот откако стигна до брејк во својот десетти обид на мечот и стигна до 5-3. Американката потоа беше сигурна на свој сервис за 5-4, но не искористи две брејк топки со кои можеше целосно да се врати во мечот. Сервисот ја послужи Азаренка кога беше најпотрено, па таа одолеа на последниот притисок од најдобрата светска тенисерка, за конечна победа од 6-4, 6-4.
Ова е втор трофеј за Викторија Азаренка во Индијан велс, по оној во 2012 година, со што Белорусинката повторно се врати во Топ 10 на ВТА-листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.