| четврток, 6 декември 2018 |

Се степале со секира по семејна расправија

секира

Лице од Струга е повредено откако вчера, при расправија во семејната куќа, добило неколку удари со секира. Како што соопшти МВР, незгодата се случила околу 15 часот кога М.М. (42) бил нападнат од Е.М.(71) по што здобил расекотини во пределот на главата, десната дланка и десната подколеница.

Случајот го пријавила Итна помош која го превезла М.М. до медицинскиот центар во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top