| четврток, 6 декември 2018 |

Семејна расправија во Шемшово: Таткото го нападнал синот заради неплатени сметки за струја, му ја расекол раката со секира

Во текот на вчерашниот ден, Б.Б. (40) од с. Шемшово, тетовско, пријавил дека околу 13.00 часот неговиот татко Б.Б. (71) физички го нападнал во дворот од нивната куќа, додека со секира сечел дрва.

Татко му, најпрво започнал расправија околу неплатени сметки за електрична енергија, по што со тупаница го удрил по лицето. Пријавителот го турнал татка си, но тој веднаш станал и се обидел да му ја одземе секирата, поради што Б.Б.(40) се здобил со расекотина на десната дланка. Б.Б. (71) бил повикан во Полициското одделение Јегуновце.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top