| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ ја продолжи серијата против Надал за финале во Индијан Велс

овак Ѓоковиќ ја продолжи својата позитивна серија во дуелите против Рафаел Надал, совладувајќи го шпанскиот тенисер со 2-0 во сетови во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Индијан Велс. Ова беше 48. дуел меѓу двајцата големи ривали, при што Новак е поуспешен со 25 победи наспроти 23 на Рафа, но многу поимпресивно делува податокот дека ова беше десетта победа за Србинот во последните 11 пресметки со Надал.

ПРвиот светски рекет стигна до триумф од 2-0 во сетови и покрај многу слабо одиграниот прв сет. Првиот носител направи дури 21 неизнудена грешка во овој дел од мечот, но сепак го доби сетот по тајбрејк (7-5). Надал одлично почна, поведе со 2-0, но веднаш дозволи рибрејк, по што не ја искористи кризата во играта на најдобриот тенисер на денешницата.

Охрабрен по добиениот сет во просечен настап, Ѓоковиќ заигра нешто подобро во вториот дел од дуелот. Надал два пати се одбрани на свој сервис, при 0-1 и 1-2, но Ѓоковиќ потоа направи брејк, поведе со 4-2, па на крајот го доби мечот со конечни 7-6, 6-2.

Негов противник во утрешното финале ќе биде Милош Раонич, по триумфот на канадскиот тенисер во пресметката со Гофан, со 2-1 во сетови. Раониќ одлично го почна мечот и го доби првиот сет со 6-3, но Гофан возврати со иста мера израмнувајќи го резултатот. Во клучните моменти сепак пресуди далеку постабилниот сервис на канадскиот џин, кој го доби и третиот сет со идентични 6-3, за свое прво финале во Индијан велс во кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top