Извештајот кој беше усвоен не ги смири тензиите во ДИК. Расправата продолжува околу одредувањето на тоа кај колку лица е потребно да се изврши теренска проверка, откако вкрстената проверка утврди дека десетици илјади гласачи ги нема во сите бази кои беа подложни на електронска проверка.
Откако ја напуштија седницата, веднаш после гласањето за усвојување на извештајот од вкрстената проверка на избирачкиот список, членовите од СДСМ во Државната изборна комисија се вратија со што Комисијата продолжи со работа. Виолета Дума и Игор Милев, од СДСМ, се вратија со голем број печатени материјали на седницата.
Извештајот кој беше усвоен не ги смири тензиите во ДИК. Расправата продолжува околу одредувањето на тоа кај колку лица е потребно да се изврши теренска проверка, откако вкрстената проверка утврди дека десетици илјади гласачи ги нема во сите бази кои беа подложни на електронска проверка. Неофицијално, досега е утврдено дека теренска проверка ќе се прави за околу 65.000 лица.
Дополнително ќе се проверуват и 25.000 лица, но не теренски туку преку управата за водење матични книги.
Според ова, се покажа како невистинит првичниот неофицијален Извештај во кој се споменуваа бројки до 500 илјади спорни гласачи.
– ДИК нема да биде исполнувач на желби на ниту една партија, на ниту една институција – порача Бедредин Ибраими од ДПА, член на Државната изборна комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција