Давид Бабунски се уште не е стандарден првотимец во Црвена звезда, но веќе ја импресионира српската спортска јавност. Македонскиот интернационалец во интервју за „Звезда ТВ“ говореше за својата втора голема љубов, покрај фудбалот – филозофијата.
– Уште од мали нозе, она што ме интересираше покрај фудбалот не беа играчки, цртани филмови и мали автомобили, туку „големите прашања на животот“: Кој сум јас, каде сум јас, зошто сум овде… Што е животот, а што е смртта… – го почнува Бабунски интервјуто кое привлече големо внимание во јавноста кај северниот сосед.
Како што на шега порачуваат српските медиуми, од Давид Бабунски можат да учат бројни политичари во оваа земја.
Погледнете го целото интервју на македонскиот репрезентативец за „ЗвездаТВ“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.