| четврток, 6 декември 2018 |

Алимпијевиќ ќе го наследи Радоњиќ на клупата на Црвена Звезда

Кошаркарскиот колектив Црвена Звезда има нов тренер, а тоа е Душан Алампијевиќ, кој доаѓа од редовите на белградски ФМП.

Алампијевиќ е млад тренер, а на кормилото на Звезда доаѓа како замена за Дејан Радоњиќ. Информацијата за договор меѓу двете страни ја потврди и првиот човек на клубот Небојша Човиќ.

– После долги разоговори и бројни анализи, дојдовме до заклучок дека Душан Алимпијевиќ е идеалното решение за тренерското место. Негови помошници ќе бидат Миленко Топиќ и Слободан Љуботина. Алимпијевиќ има целосна поддршка од раководството, без разлика што нема доволно искуство, јас ќе застанам зад секоја негова одлука, како што застанував и за Радоњиќ. Не ме интересира што е млад, не сакам да донесам тренер кој има 75 години, и уште да му плаќам посебно здравствено осигурување – истакна Човиќ.

32-годишниот Алимпијевиќ во април застана на кормилото на ФМП, откако го однесе Спартак Суботица во српската Суперлига. Во неговата кошаркарска кариера, Алимпијевиќ ги бранел боите на Војводина, а таму за прв пат „запливал“ во тренерските води како помошник на шефот на стручниот штаб.

– Пред се, чест ми е што ќе седнам на столчето на еден ваков голем клуб. Знам што носи името Црвена Звезда, па ќе ми биде задоволство да работа во оваа средина. Не доаѓам тука како наследник на Дејан Радоњиќ. Тоа име е со златни букви испишано во книгите на овој клуб. Таа приказна сега е зад нас, а јас чувствувам притисок да не ги изневерам луѓето кои имаат верба во мене. Јасно ми е дека Звезда можеше да се одлучи за поискусен тренер, но јас могу добро ја познавам кошарката. Всушност, цел живот сум во кошарката. Ги поминав скоро се од домашната лига, Евролига, репрезентација, други странски лиги. Можеби немам тренерско искуство, но во кошарката сигурно имам – изјави новиот тренер на српскиот и јадранскиот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top