| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Белград, ранет водачот на Делиите

Водачот на Делиите, навивачката група на Црвена звезда бил погоден од огнено оружје вчера вечер.

Дражен Драгаш со приватно возило бил донесен во Ургентниот центар во Белград со прострелна рана на ногата.

Според информациите во него пукала непозната личност, по што Драгаш бил однесен во болница.

Истрагата е во тек, полицијата работи на утврдување на сите детали од овој случај.

Драгаш во март 2015 година бил правосилно осуден на една година затвор поради продажба на марихуана во двор на училиште во 2005 година.

Ова не е единствено дело кое Драгаш го има сторено. Тој во ноември 2010 година е правосилно осуден на две години затвор поради недозволено поседување оружје. Исто така, на него му се суди отсуство и за напад на полицајци и масовна тепачка пред натпревар меѓу Црвена звезда и Партизан.

Во 2013 година уапсен е после протерувањето од Кипар поради фалсификуван бугарски пасош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top