| четврток, 6 декември 2018 |

Тенерифе го мерка Давид Бабунски

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски би можел повторно да се врати во Шпанија, ако се суди според последните информации кои пристигнуваат од Пиринејскиот полуостров.

Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми, второлигашот Тенерифе е заинтересиран за услугите на 23-годишниот поранешен фудбалер на Барселона и белградска Црвена Звезда, кој во моментов настапува во најсилниот јапонски шампионат, во редовите на Јокохама Маринос.

И од раководството на амбициозниот Тенерифе ја потврдуваат желбата да го засилат својот тим со еден од најдобрите млади македонски фудбалери кој беше дел од репрезентацијата која го реализираше најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, со пласманот на Европското првенство во Полска.

Тенерифе минатата сезона само за малку не успеа да обезбеди место во шпанската Примера дивизија, откако во финалето од плеј-офот за влез во Првата лига загуби од Гетафе. Во новата сезона влегува со дополнително засилен буџет и амбиции за пласман во елитната шпанска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top