| четврток, 6 декември 2018 |

„Докторот“ Роси уште две сезони во Јамаха

rosi

Валентино Роси ги разреши сите дилеми околу својата иднина во Мото ГП шампионатот потпишувајќи нов двогодишен договор со Јамаха. Италијанецот веќе во неколку наврати ја изрази желбата да остане во овој тим, каде најверојатно ќе ја заврши кариерата, така што продолжувањето на соработката не е изненадување за никого во мото-спортот. Трофејниот 37-годишен Италијанец се врати во Јамаха во 2013 година, а според новиот договор ќе остане во овој тим до крајот на 2018, кога најверојатно и ќе ја заврши кариерата.

– Со големо задоволство можам да потврдам дека потпишав нов договор со Јамаха и ќе соработувам со овој тим во следните две години. Пресреќен сум бидејќи тоа отсекогаш беше мој план, да бидам дел од тим со кој ќе можам да атакувам на највисок пласман и да уживам на патеките. Со самото враќање во Јамаха во 2013 веднаш се почувствував како дома, тоа се покажа и во моите резултати, за кои се надевам дека повторно ќе бидат на највисоко ниво – изјави Роси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top